Шпанската агенција за лекови и медицински помагала го одобри првото човечко клиничко испитување на шпанската вакцина против коронавирус, на фармацевтската компанија „Хипра“.
Според Агенцијата, во истражувањето ќе бидат вклучени десетици доброволци, на возраст од 18-39 години, кои ќе добијат две дози од вакцината, со разлика од три недели, објави шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Шпанскиот премиер Педро Санчез објави на Твитер дека е направен голем чекор во борбата против пандемијата.
„Станува збор за вакцината Хипра, направена во соработка со Владата“, напиша тој.
Шпанија е една од земјите најтешко погодени од коронавирусот.
Според сајтот worldometers.info, оваа земја има регистрирано 4,7 милиони позитивни случаи од почетокот на пандемијата, додека вкупно 82.320 луѓе починале од последиците на вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.