Светската здравствена организација (СЗО) создаде систем за именување на соевите на ковид-19 според грчката азбука за да ја олесни јавната дискусија за нив, пишува порталот BUKA.com
Вирусите постојано се менуваат со мутациите, што резултира со нови варијанти кои научниците ги следат.
Здравствените власти напоменуваат дека научниците сѐ уште учат за карактеристиките на варијантите на ковид-19, така што нема едногласно мислење дали различните соеви можат да предизвикаат потешка форма на болеста и до кој степен вакцините делуваат против нив.
Многу варијанти се шират полесно и побрзо од оригиналниот ковид-19, тврдат здравствените власти. Досегашните истражувања сугерираат дека антителата добиени од вакцината ги препознаваат новите варијанти. Подетални истражувања се во тек.
Алфа
Алфа варијантата првпат беше идентификувана во Обединетото Кралство, а СЗО и американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ја идентификуваа како варијанта што предизвикува загриженост. ЦДЦ посочи дека оваа варијанта, базирана на податоци за хоспитализација и смртност, може да предизвика потешки симптоми од оригиналниот вирус.
Бета
Оваа варијанта прво беше идентификувана во Јужна Африка, а исто така беше идентификувана од ЦДЦ и СЗО како варијанта на загриженост.
Делта
Оваа варијанта за првпат беше забележана во Индија, а ЦДЦ и други научници истакнуваат дека е позаразна од претходните соеви. Станува збор за варијанта која моментално се шири низ Европа и Америка и предизвикува стравови во новиот бран на инфекции наесен.
Делта плус
Гама
Овој сој прво бил забележан во Бразил, а потврден е и во Јапонија. ЦДЦ и СЗО го идентификуваа како загрижувачка варијанта.
Ета
СЗО и ЦДЦ наведуваат во класификацијата дека ова е варијанта што треба да се следи, што е „поблага“ категорија од претходните. Оваа варијанта е забележана во неколку земји.
Јота
Според СЗО и ЦДЦ, станува збор за варијанта што треба да се следи. Првично беше документирана во САД, поточно во Њујорк.
Капа
Капа исто така спаѓа во поблагата категорија и за првпат беше откриена во Индија во октомври 2020 година.
Ламбда
Првично беше забележана во Перу во декември 2020 година и оттогаш е потврдена во неколку американски држави, вклучувајќи ги Тексас и Јужна Каролина. СЗО ја класифицира како варијанта што треба да се следи.
Извор: 6yka.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.