Починале шест лица, а 37 се новозаболени во последните 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 484 тестирања, а регистрираните 37 нови случаи на ковид-19 се во: Скопје 9, Дебар 1, Прилеп 5, Тетово 3, Гостивар 1, Гевгелија 12 странски државјани, а во Гостивар, Струмица, Радовиш, Кочани, Пробиштип, Делчево и Кратово по еден заболен.
Починати се 6 пациенти, од Скопје (73), Струга (79), Гостивар (55), Крива Паланка (63), Делчево (86) и од Кичево (74). Сите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од: Скопје 171, Куманово 15, Штип 10, Прилеп 15, Тетово 2, Велес 6, Битола 2, Кавадарци 4, Гостивар 2, Гевгелија 2, Пробиштип 3, Пехчево 3, Берово 5, Виница 1, Свети Николе 8, Кичево 1, Неготино 1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.127, бројката на оздравени пациенти е 12.486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 6.123, активни 591
Куманово 1.540, активни 248
Дебар 261, активни 29
Штип 1.182, активни 96
Прилеп 525, активни 142
Тетово 1.254, активни 125
Струга 595, активни 64
Велес 278, активни 20
Битола 225, активни 40
Охрид 360, активни 45
Кавадарци 190, активни 47
Гостивар 823, активни 134
Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 83, активни 31
Крива Паланка 60, активни 19
Радовиш 46, активни 7
Крушево 17, активни 1
Кочани 160, активни 33
Пробиштип 90, активни 15
Демир Хисар 60, активни 2
Македонски Брод 77, активни 10
Пехчево 38, активни 28
Берово 68, активни 41
Валандово 9, активни 2
Виница 82, активни 28
Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 23, активни 7
Свети Николе 301, активни 37
Кичево 286, активни 45
Ресен 147, активни 0
Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 484 теста се преку: ИЈЗ – 90, Биотек – 57, Клиника „Жан Митрев“ – 145, Систина со PCR метода – 146, ЦЈЗ Битола – 27, Инфективна клиника – 7, ГАК – 12. Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се тројца пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 56, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се две деца и една мајка позитивни на ковид-19, 6 деца и 6 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 27 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
Чаир – 55
Гази Баба – 70
Аеродром – 102
Карпош – 65
Центар – 58
Кисела Вода – 70
Ѓорче Петров – 35
Бутел – 37
Шуто Оризари – 24
Студеничани – 16
Сарај – 15
Арачиново – 10
Илинден – 11
Сопиште – 6
Чучер Сандево – 2
Петровец – 5
Зелениково – 2
Странец – 6
Нераспределен-2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.