Од ТМРО сметаат дека изолираниот 80 – часовен карантин на Скопје е погрешен чекор и требало да се спроведе на целата територија, се вели во партиското соопштение.

Вака се создаде реална опасност од неконтролирано ширење на вирусот низ целата држава. ТМРО бара од техничката влада со изминат мандат, веднаш да донесе уредба за задолжителен 14 дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред започнувањето на полицискиот час, со цел колку толку да се изолираат и лоцираат, потенцијалните нови жаришта, вели претседателот Ванчо Шехтански.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.