Делата сојот на корона вирусот е веќе во соседството.Со оглед на фактот дека голем број македонци во текот на летово ќе бидат чести гости во земјите од регионот, не е тешко да се претпостави дека големи се шансите овој сој да пристигне и кај нас. На тоа предупредуваат и голем број на стручни лица.
На есен, можеме да бидеме во неволја ако сериозно не се пристапи кон вакцинирање, бидејќи делта сојот е многу позаразен и се пренесува побрзо, вели проф. Д-р Бранислав Тодоровиќ од соседна Србија за порталот „Србија данас“..
Најважниот месец ќе биде септември кога започнуваат училиштата, кога луѓето се враќаат од одмори од разни места, од странство, кога започнува работата во тимови. Октомври ќе ни покаже што сторивме во претходниот период, дали бевме вакцинирани во доволен број, дали ги почитувавме мерките и што треба да правиме понатаму, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб, проф. Д-р Бранислав Тодоровиќ.
Животот мора да се врати во нормала и сите го знаеме тоа. Луѓето, особено младите, сакаат да патуваат, да излегуваат, да се забавуваат, концерти, спортски настани и се што е во ред. Егзит има одлична организација, оние кои се вакцинирани можат да дојдат без никаков проблем, оние кои не се, им треба ПЦР не постар од 72 часа, па затоа ќе мора да плаќаат повторно кога ќе истече. Исто така, ќе се направат брзи антигени тестови веднаш да се покаже дали има некој заразен. Но, тоа е комплицирано, така што оние кои се вакцинирани се послободни, ќе можат да се однесуваат порелаксирано. Не очекувам ненадејни промени во текот на летото, но можно е зголемување на есен, кога сите ќе се вратат во работните организации, училиштата, така ќе дојде зимата, ќе работиме во затворен простор, затоа е потребно да се вакцинираме во текот на летото и да се почитуваат мерките, маските во затворен простор и зголемената дезинфекција на сите површини, во домот,на работното место, во рестораните – вели епидемиологот.
Според докторот не е во ред што, како што почнаа да паѓаат бројките на заразени, се повеќе има луѓе кои избегнуваат да се вакцинираат во текот на летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.