Германските научници постигнаа огромен успех во потрагата по лек за новиот коронавирусот. Имено, тие успеаја да го докажат постоењето на антитела кои го спречуваат вирусот да навлезе во клетките.
Ова е јасен напредок што покажува дека ние сме на вистинскиот пат кон развој на лек за Ковид-19, изјави Лука Цицин-Саин од Центарот за истражување на инфекции „Хелмхолц“ во Брауншвајг.
Според „Брауншвајг цајтунг“ Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки направени човечки антитела.
Според сознанијата тие нашле повеќе од 750 антитела кои се закачуваат на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.
Од овој момент ќе почнат да се тестират ефикасноста на овие антителата.
Целта на овие научници е да најдат лек со кој тешко заболените корона-пациенти ќе бидат акутно лекувани.
Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација, објасни Стефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.
Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со Kовид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.