Скоро секој четврти пациент тестиран во последните 24 часа е позтивен на ковид-19, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во последното деноноќие направени се 1 648 тестови, а од нив 383 биле позитивни. И во изминатите два дена имаше висок број на нови случаи, но и бројот на тестови беше поголем.
Вчера имаше рекордни 393 позитивни случаи, но бројот на тестови беше 2. 464. Од тука процентот на позитивни изнесуваше 16.
Ден претходно (за 8 и 9 октомври), пак, беа направени 2 267 тестирања, а бројот на нови случаи беше 286 или 17%.
Исто така 17% позитивни случаи од вкупниот број на тестирани имаше и во 24-часовен интервал од 7 до 8 октомври – 364 позитивни од 2 140 тестови.
На 6 и 7 октомври за ист временски интервал беа направени 1 990 тестови и 317 или 16% од нив беа позитивни.
Претходно, во период од 24 часа на 5 и 6 октомври процентот на нови случаи изнесуваше 12 односно 226 позитивни од 1 841 тестови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.