Заклучно со 20.12.2020, пријавени се вкупно 78.432 случаи на COVID-19 (I=3.790,5/100.000).
Во Извештајот од Институтот за јавно здравје, во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 40.048 машки и 38.384 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 3.863,7/100.000, додека кај женските 3.717,0/100.000.
Според извештајот, во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (69,0%), кашлица (40,4%), малаксаност (40,3%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,1%), главоболка (22,2%), мускулна болка (18,2%), болка во грло (14,9%), треска (13,7%) и отежнато дишење (10,1%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=59.893; 76,4%), кај 14.063 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=59.893; 76,4%), пријавени се 385 (0,6%) случаи кај бремени жени, од кои 61 била хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 109 се асимптоматски случаи.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=59.893; 76,4%), регистрирани се 2.954 (5,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 18.208 (30,6%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 12.463 лица имаат кардиоваскуларна болест, 4.693 дијабет, 2.525 се со хронична белодробна болест и 3.361 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.093 (62,6%) се присутни коморбидитети.
Регистрирани се 2.314 смртни случаи. Од нив 1.460 смртни случаи се лица од машки пол и 854 се лица од женски пол. Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година
Од починатите, кај 1.656 (71,6%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.278), дијабет (n=587) и белодробна болест (n=262). Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 21 смртни случаи кај здравствени работници. Сто четириесет и четири (6,2%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а 2.170 (93,8%) починале за време на хоспитализација.
Од 15.02-13.12.2020 тестирани се вкупно 381.207 материјали (детектирани 78.432 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест.
Со ова во земјава се направени 184.232 тестови на 1.000.000 жители.
Според оценката на ИЈЗ, земјава е во фаза четири односно широко-распространета трансмисија на вирусот во заедницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.