Попладнево на седница на Владата ќе се разговара за дополнително ограничување на  движењето на возрасните лица над 65 години и на младите до 18 години, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Доколку се донесе одлука, за посочените категории граѓани полицискиот час ќе трае подолго, а за сите останати на сила останува мерката за забрането движење во периодот од 21 часот до 06 часот следниот ден. Движењето за време на полицискиот час е дозволено само со посебни одобренија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.