Во туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија од утре, 6 август нема да има ограничување на лековите од аптеките, односно се укинуваат квотите. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој како што појасни во туристичките места во летниот период поради напливот на гости често се случува локалното населние да не може да си ги подигне лековите на рецепт.

Со укинување на квотите министерот вели тој проблем нема веќе да се јавува. На прашањето зошто се јавувал недостигот кога лекови на рецепт препишуваат само матичните лекари во градот во кој пациентот живее, Филипче појасни дека туристите рецептите од матичен ги носеле во туристичките центри и таму ги подигале.

Тој смета и дека ова селективно укинување на квотите за лекови во аптеките не ги дели граѓаните, на повластени или не, бидејќи ова прашање е регулирано не со Устав и закон туку со правилник кој утрово Фондот за здравство го изменил.

Наесен се планира укинување на квотите и во другите градови.

Филипче најави и дека со укинување на квотите рецептите пациентите ќе може да ги подигнат само лично, односно со лична карта. Во туѓо име ќе може да се подигне само рецет за неподвижни лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.