Се тестираат нови 30 лица, а состојбата на 35-те заболени од коронавируст во Македонија е стабилна. Од утрово на ковид -19 се позитивни уште 4 лица од Скопје и тие се пријатели или членови на семејството кое вчера беше дијагностицирано, рече на денешната прес-конференција Венко Филипче, министерот за здравство.
Во добра и стабилна состојба е и единствената пациентка која е приклучена на респираторна машина за дишење.
Во моментов се прават анализи на 30 лица од кои што еден од Куманово, двајца од Скопје и останатите се од Дебар. Десетте лица кои пристигнаа од граничниот премин Деве Баир соодветно ќе бидат третирани, рече Филипче.
Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.
Лицата кои беа привремено сместени во Пепелиште беа посетени од епидемилози, по што ќе бидат преместени во објектот одреден за групна изолација во Демир Капија, објасни Филипче.
Во земјава, како што информираше Филипче, има доволно тестови за коронавирус околу 1.500, има најава за донација на 1.000 и набавка на уште 1.000 тестови. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека се направени околу 400 досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.