Од вкупно деветмина пациенти кои во земјава се заразени со коронавирус, шест се во стабилна состојба, кај тројца состојбата е отежната бидејќи станува збор за возрасни лица над 60 години, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Тој објави дека утрово е јавен еден пациент дојден од Германија на 7 март кој се тестира. Лицето имало покачена температура и сам се пријавил на инфективната клиника.
Министерот исто така посочи дека очекувано е да се прогласи пандемија на светско ниво, но нема генерални препораки за секоја земја. Сепак, министерството во консултација со СЗО ги даваме мерките за домашното население.
Утрово на редовниот состанок се разгледани низа мерки на Владата, имавме разговори со колеги од Италија, кои ни укажаа дека после воведувањето на ригорозните мерки заразата не се шири, ова ни укажува дека треба да бидеме порадикални и на денешната седница ќе разгледаме мерките“, кажа министерот кој упати препорака кафетериите да работат до 18 часот.
Тој посочи дека клиниките ќе работат само за итни случаи, а редовните терапии за хронично болните ќе можат да се земаат на матичен доктор.
Верските заедници ќе мора строго да се придржуваат до мерките и да нема собири“, нагласи Филипче.
Додаде дека имало и информација според која поради заразените се створила паника во Дебар, но проверивле и тоа се покажало како неточно. Сепак, засилен е бројот на епидемиолозите на терен.
Филипче кажа дека и повторно ќе се врши контрола за покачената цена на маските, иако како што изјави од аптеките добил иформација дека и цената за увоз за маски била покачена. Тој истакна дека е многу важна јавната свест, односно да се почитуваат мерките. Кажа и дека семејството на директорката на кожно е во изолација и дека според епидемилозите немало потреба за поширок круг на луѓе да бидат излирани. Клиниката за кожни болести истакна Филипче од денеска има нова директорка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.