Министерството за здравство информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невисината содржина испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.

Известен е Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи кој веќе постапува за овој случај. Официјалната е-маил адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk. Упатуваме апел до граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација, велат од Министерството за здравство.

Ширењето на лажни информации, особено во овие кризни времиња, е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.