Извесна Лилија Коновалова (29) од Уралск во Казахстан роди близнаци со разлика од два и пол месеци, информира министерството за здравство на Казахстан, а пренесува РИА новости.
Дваесет и девет годишната мајка роди две деца со разлика од два месеца. Ќерката е родена во 25 недела од бременоста, а два месеца и 16 дена подоцна се роди и синот, стои во соопштението на министерството објавено на Фејсбук.
Лекарите објаснуваат дека овој невообичаен случај се должи на ретката анатомска состојба на жената која имала двојна матка.
Според статистиката, во вакви случаи шансите да се роди живо дете се 1 на 50 милиони. Но благодарение на професионалноста на лекарите мајката и бебињата се добро, стои во соопштението.
Девојчето, родено во 25 гестациска недела е родено со тежина од само 850 грама и должина од 42 сантиметра, а тежината на момчето е 2,9 килограми и е со должина од 50 сантиметри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.