На неполни три часа од почетокот на Новата 2020 година, во одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, се роди машко бебе.

За мајката Весна Стојкоска ова е трето дете, сите три машки.

Ова ми е трето дете, машко. И другите две се машки. Многу сум задоволна од персоналот, од целата екипа. Бебето е добро, породувањето помина во најдобар ред“, истакна Стојкоска

Градоначалникот Илија Јованоски утринава ја посети болницата „Борка Талески“. Во име на Општина Прилеп, Јованоски на првороденото бебе и неговата мајка им врачи подароци и парични средства.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.