Флоријан Крамер, вируролог во Медицинскиот факултет Икан во Њујорк, во моментов ги истражува опциите за третман на коронавирус со неговиот тим. Во интервју за Дојче веле, тој зборуваше за веќе употребената терапија, како и за целокупната состојба на глобално ниво.

Политичарите ширум светот тврдеа дека на почетокот на пандемијата, новиот коронавирус е ист како сезонскиот грип. Што знаеме за овој вирус и колку е различен од сезонскиот грип?

– Научниците треба да слушаат, а не политичарите. Од молекуларна гледна точка, овој вирус е сосема различен од сезонскиот грип. Кога се објави генетскиот материјал на вирусот, сите во научната заедница знаеја за што станува збор. Најдрастична разлика е во тоа што апсолутно нема имунитет кај популацијата и нема лекови или вакцини, па затоа се шири многу лесно. Затоа, ситуацијата е далеку поопасна – рече тој.

Овој вирус се смета дека потекнува од пазар во Вухан. Дали беше невозможно да се спречи ширењето на вирусот?

– Во Вухан има случаи на зараза кои не се поврзани со овој пазар. Ова е вирус што веројатно доаѓа од лилјак, но луѓето можат да стапат во контакт со него и во Европа. Мислам дека не е во ред да се каже дека сето ова се случило поради навиките на јадење во Кина. Треба да се има предвид дека пандемијата на свински грип потекнува од фарма за свињи во Мексико, животно кое доаѓа во близок контакт со луѓето и Западот. Значи, сè уште не е официјално докажано дека коронавирусот потекнува од тој пазар, треба да биде темелно истражен – рече Крамер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.