Ноќните клубови, кафулињата, полноќните журки и други места каде што се собирааат младите се „легла“ на заразата од корона вирусот, така што не станува збор за нов тип на Ковид кој сега повеќе ги напаѓа младите, едноставно, возрасните не одат по журки. Вака, директорот на Инфективната клиника во Србија, д-р. Горан Стевановиќ, го објаснува наглото зголемување на бројот на заразени млади луѓе во соседна Србија.
Од инфектолошки аспект се е исто, само што младите воопшто не се чуваат. Повозрасната популација помалку излегува надвор, повеќе внимаваат, носат маски, се штитат и тие генерално не се дружат и не одат на журки, вели д-р. Стевановиќ.
Според него, во моментов најтешки случаи се меѓу 30 и 50 години, оценувајќи дека тие не ги почитуваат мерките за заштита, не одржуваат потребно растојание, и постојано се собираат во големи друштва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.