Лекарите почнале да истражуваат дали два женски хормони ќе може да помогнат во лечење на мажите од корона вирусот, пренесува Daily Mail.
Досега многу статии и студии докажаа дека од оваа зараза умираат повеќе мажите отколку жените, а многумина велат и дека женскиот пол е позаштитен поради дејството на естрогенот во организмот.
Токму овие факти придонесоа лекарите и научниците широм светот да се заинтересираат за женските хормони и дали тие можат да помогнат во лечење на корона вирусот.
Две болници во Америка оваа теорија сега ја тестираат, така што на мажите им даваат естроген и прогестерон во мали количини, во надеж дека на тој начин ќе им се зајакне имунитетот, ќе им се намали воспаленито и ќе се ублажи сериозноста на болеста. Разликата во стапки на смртност кај мажите и жените биле очигледни, уште на почетокот на пандемијата
Минатиот месец италијанската агенција за јавно здравје соопшти дека во над 70 проценти од смрните случаи со зараза од корона се мажите. Кинескиот центар за контрола и превенција пред два месеци, пак, соопшти дека смртноста кај мажите е 65 проценти во однос на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.