Израелскиот институт за биолошки истражувања (IIBR) и израелското Министерство за одбрана објавија дека е завршена фазата на развој на антитело што би било ефективно во неутрализирање на САРС-Ков-2, познато како коронавирус.

Преку својот профил на Твитер, израелското Министерство за одбрана го потврди развојот на она што може да стане првиот противотров на ковид-19.

Според субјектите, сега противотровот преминува од фазата на развој во фазата на прифаќање на фармацевтските компании, што ќе овозможи масовно да се произведува и комерцијализира.

Научниот развој би бил направен на база на неколку протеини кои се штетни за човечкото тело и веќе е тестирано кај пациенти кои се ризични случаи на коронавирус.

Во меѓувреме, Владата на Израел најави целосно отстранување на ограничувањата за мобилност наметнати на граѓаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.