Кога СДСМ зборува за наводна успешност во Здравството се чуствуваме должни да ги потсетиме на условите кога ВМРО ДПМНЕ го управуваше здравствениот систем, пишува на нејзиниот фејсбук-профил, д-р Јадранка Поцкова, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
Фејсбук статусот ви го пренесуваме во целост.
Пред да дојдат на власт, во ЈЗУ Општа болница Струмица работеа следните интернистички дијагностички кабинети:
Коронарна ангиографија со процесот на стентирање.
Врвни професори – едукатори доаѓаа од Ниш и Белград. Две години имаа постојано сместување во Струмица и работеа 24 часа. Додека не дојде другиот лекар, претходниот не ја напушташе својата позиција. Работеа во тим со наши лекари од Штип и Струмица.
Во постојана функција и со закажување преку Мој термин работеа следните кабинети:
Кабинет за коронарен стрес тест. Ехо кардиографија. Ехо кабинет на абдомен. Ехо на тироидеа, Кабинет за гастроскопија и колоноскопија. Ангажирани беа еминентни стручни лица од Клинички Центар Мајка Тереза заедно со наш тим лекари. Работеше пулмолошка амбуланта со спирометрија.
Се правеше редовен скрининг со Ехо дијагностика на дојка и мамографија, а пациентите резултатите ги добиваа на домашна адреса. А сега, повеќето од овие здравствени услуги граѓаните ги добиват повремено со доаѓање на стручни лица но, со долга листа на чекање.
Од 11 лекари интернисти заради лошото менаџирање и не наоѓање на ,,заеднички јазик” нашите искусни интернисти започнаа ангажмани во приватното здавство.
Во струмичката болница сега има 5 лекари интернисти од кои четири дежурат. Непосредно пред да дојде СДСМ на власт беа примени на работа и испратени на специјализација 20 лекари.
СДСМ вети дека ќе го пуштат новиот крак на Општа Болница со инкорпориран неопходен ургентен центар за интернистички и хируршки болести. Од сето тоа што го очекувавме долго време добивме слики од импровизирано адаптирани неколку соби во огромниот објект. Додека од ветувањето за опрема – нема ниту О.
Навистина ние како здравствени работници со наши лични напори се трудиме да ги дадеме сите услуги на пациентите.
Но, секој здравствен работник знае и се сеќава и, може да препознае како ВМРО- ДПМНЕ се грижеше за здравјето на сограѓаните, пишува Поцкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.