Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита денеска преку соопштение ги осуди нападите на докторите, медицинските сестри и другите вработени во здравствените установи. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.
Најостро ги осудуваме нападите на докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравствените установи што деновиве зачести и по Клиничката болница во Тетово, имаме нов немил настан во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје, се вели во соопштението.
Вработените во здравствените установи, како што се наведува, извршуваат една од најхуманите професии, спасувајќи човечки животи и никако не смееме да дозволиме нивните животи да бидат изложени на опасност.
Од Синдикатот напоменуваат дека напад на вработен во здравствена установа е напад на службено лице, единствено овластено за вршење здравствена дејност. Бараат од надлежните поголема заштита и заострување на казнената политика на секој оној што ќе се обиде вербално или физички да нападне вработен во здравствена установа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.