Лекар, фармацевт, правник… Ова се само три професии кои е невозможно да ги работите без минимални познавања на латинскиот јазик, а во Македонија овој предмет не се изучува на ниту еден од факултетите што ги продуцираат овие кадри. Лекари кои прашуваат дали именката во дијагнозата треба да е напишана во генитив или датив, аптекарка (магистер) која вели дека лекот е „дефектура“.

Ова се дел од анегдотите што за „Факултети“ ги раскажува д-р Весна Димовска-Јањатова, редовен професор на Институтот за класични јазици при Филозофскиот факултет во Скопје. Состојбата е далеку од хумористична. Латинскиот јазик речиси две децении е само изборен предмет во гимназиите, а по воведувањето на системот на трансфер на кредити, го изгуби статусот на задолжителен и стана изборен предмет на факултетите. Во интервјуто за Факултети.мк проф. Димовска-Јањатова објаснува зошто изучувањето на старите јазици мора да бидат неизоставен дел од нашиот образовен систем.

Целото интервју на „Факултети



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.