Цело време мислел дека има грип додека болеста не се спуштила во неговите бели дробови.

Британецот Конор Ред кој со месеци живее и работи во Вухан, бил еден од заразените од коронавирусот и како што вели, станува збор за “најлош облик на грип кој го преживеал“.

Говорејќи за британски „Channel 4“, тој го опишал текот на болеста кој што бил во три фази.

Сè се одвива во стадиуми. Ќе ви биде многу подобро пред ситуацијата да се влоши. Во мојот случај, првиот стадиум беше обична настинка, носот ми беше запушен, имав проблеми со ушите и синусите. Не беше првпат да имам такви проблеми, но никогаш не се чувствував толку лошо. Не беше опасно по живот, но се чувствував ужасно. Цело време лежев во кревет со силна главоболка. Од „грипот“ почнав да заздравувам за ситуацијата повторно да ми се влоши и да премине во пневмонија. Тоа никогаш претходно не сум го доживеал, па се исплашив. Па отидов во болница – рекол тој.

Конор истакнува дека никогаш претходно не бил свесен за своето дишење сè додека неговите бели дробови не работеле само со 20 отсто од нивниот капацитет.

Секој ден се слушаше вдишувањето, а одвај можев да вдишам нов воздух. Ќе тргнев до кујна или до тоалет и ќе го изгубев здивот. Белите дробови звучеа како да дишете низ најлонска кеса. Не пијам, не пушам и покрај тоа ми беше многу тешко  -додал тој.

„Сите сме во истиот “сос“ и нема поента да бидеме депресивни, сè ова ќе помине. Дотогаш искористете ги можностите за гледање филмов и серии или пак да научите некој нов јазик. Јас на пример почнав да сликам. Важно е само да не паничиме затоа што тоа не помага на никој. Да се изолираме, ако не поради себе тогаш поради другите – порачало ова младо момче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.