Зравствената криза веќе зема замав и во повеќе болници низ државава освен недостиг на легла има и недостиг на персонал што треба да ги лечи овие пациенти.
Пред две недели министерот за здравство Венко Филипче ги повика на средба интернистите, бидејќи државата нема доволен број на лекари за време на оваа здравствена криза, а и оние кои се ангажирани веќе се изморени и на крај со силите.
Сепак од 56 приватни интернисти само девет прифатиле да помагаат на своите колеги во државните болници кои лекуваат пациенти со новата болест и тие сега чекаат распределба во државните болници.
Претседателот на здружението на лекари интернисти, Александар Манолев, за телевизија 24 вели дека причинатаза малиот број на пријавени е што дел од лекарите веќе имаат премногу пациенти, а голем дел од нив се и во поодмината возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.