Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид-19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го добиле вирусот на отворено, претежно на концерти и спортски настани, објави денеска Хина.

Во студија на 25.000 случаи, околу шест проценти од случаите се поврзани со инфекции на отворено, како што се спортски настани или концерти.

Станува збор за оградени области каде што не се почитува физичкото растојание или каде луѓето престојувале некое време и се движеле наоколу, зборувајќи гласно или пеејќи.

Не идентификувавме речиси ниту еден случај што би го поврзале со секојдневниот живот на отворено, рече авторот на студијата Мајк Вид, професор на Универзитетот „Кентербери“ во Кент.

Тој додаде дека просторот на отворено е неспоредливо побезбеден отколку затворениот простор.

Во студијата, покрај британски, учествуваа и научници од американски и германски универзитети.

Ризикот е помал затоа што вирусот се разредува во атмосферата, нешто слично се случува со чадот од цигари, заклучува експертот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.