Само 15 проценти од тестирањата во изминатите 24 часа се направени во државните здравствени устави, а сите останати во приватните.
Според податоците кои ги објави Министерството за здравство, од вкупно 4.072 тестирања, само 640 се направени на државно, а сите останати во приватни лаборатории и здравствени установи.
-Направени се 4.072 тестови преку: ИЈЗ-310, ЦЈЗ Скопје-65, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–72, ЦЈЗ Куманово-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-6, УК Пулмологија со алергологија – 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-255, Биотек-288, Систина-137, лабораторија Лаор-169, Синлаб-37, Ремедика-33, Плодност–40, Генеа-15, Никоб лаб-485, ВФВ Медикал-66, Ели Медика-81, Ројал Медика –9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.713, соопшти МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.