Американската сојузна агенција за лекови ФДА ја одобри примената на хлоракин и хидроксихлоракин за лечење на заболените од коронавирусот во болнички услови.

ФДА вчера даде зелено светло оваа терапија да се препише на пациентите заболени од Ковид-19 кога клиничкото испитување не е достапно или изводливо.

Американските претседател Доналд Трамп на 24 март позитивно говореше за оваа терапија во борба против коронавирусот. Како што наведува „Франс прес“, контроверзниот француски лекар, професорот Дидије Раул, кај заболените од Ковид-19 се залага за примена на хлоракин и хидроксихлоракин, антималариски лек кој се користи кај ревматоиден артритис и лупус.

Студиите кои ги спроведува д-р Раул не ја убедија пошироката научна заедница, како што наведува АФП,

ФДА предупреди дека заболените не смеат да ги земаат лековите на своја рака. Лечењето според протоколот на д-р Раул наскоро ќе се спроведе во Њујорк.

САД имаат повеќе од 140 илјади заболени и 2.489 починати од Ковид-19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.