Руското Министерство за одбрана и Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ ја започнаа последната фаза од клиничкото испитување на вакцината против коронавирус.

Според соопштението на Министерството за одбрана, тестирањето на првата група доброволци кај кои е испитувана безбедноста и толеранцијата на вакцината, ќе заврши на 15 јули.

На друга група доброволци кај кои се тестира ефикасноста и имуногеноста на вакцината, ќе им биде инјектирана друга состојка на вакцината против коронавирус.

Во втората фаза, целта е да се зајакне имунолошкиот систем и да се продолжи ефектот на вакцината.

Волонтерите се чувствуваат добро, немаат никакви проблеми или несакани ефекти, а првата група ќе биде отпуштена од воената болница Бурденко откако ќе ги помине завршните тестови, пренесува ТАСС.

Резултатите од тестовите на вакцината за ковид-19, спроведени на група волонтери во Русија, покажуваат дека тие развиваат имунитет на коронавирусот, се додава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.