Коронавирусот во Русија би можел да стивне на почетокот или кон половината на јуни, а таков заклучол може да се донесе врз основа на досегашните искуства, изјави академикот на Руската академија на науките, пулмологот и шеф на Катедрата за болничка терапија на Рускиот истражувачки медицински универзитет „Пиргов“ Александар Чичаљин.

Врз основа на стекнатото искуство може да се смета дека во јуни, дали на почетокот или кон крајот, вирусот ќе исчезне, рече Чучаљин, во текот на онлај конференција во агенцијата „Русија севодња“.

Тој прецизираше дека инфекцијата сега добила потенцијата, а едно заразено лице во просек инфицира 2-3 лица.

Светската здравствена организација на 11. март ја прогласи епидемијата од новата инфекција од коронавирусот Ковид-19 за пандемија. Според последните податоци, во светот се забележани повеќе од два милиони случаи на зараза, а починаа над 126 илјади луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.