Рускиот производител на лекови Р-Фарм потпиша договор со фармацевтската компанија АстраЗенека за производство на вакцина против Ковид 19, која ја развива овој британски фармацевтски и биотехнички гигант и Универзитетот во Оксфорд.
По обвинувањата од Велика Британија, Канада и САД дека руски хакери се обиделе да ја украдат вакцината за Ковид 19 и резултатите од истражувањето, директорот на одборот на руската компанија Р-фарма, Алексеј Репик, изјави дека овој договор покажува дека Москва нема потреба да украде ништо.
Ние го официјализиравме овој план во форма на потпишани договори во областа на производство на вакцини и набавки што ги развиваат АстраЗенека и униоверзитетот Оксфорд и проектот ќе го спроведе Р-Фарм, нагласи тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.