Руското Министерство за здравство во понеделникот соопшти дека оваа недела ќе започне со пуштањето во употреба на вакцината против Ковид-19 наречена „Спутник V„ на волонтери.

Оваа недела, ќе започнеме со вакцинирање на волонтери кои ќе учествуваат во „Фаза III“ од клиничките испитувања. Следната недела ќе бидат лансирани првите испораки на вакцината, ова ќе бидат уште мали серии, бидејќи треба да ги почитуваме интересите на сите инволвирани, рече министерот за здравство Михаил Мурашко, пренесе Спутник њуз.

Русија беше првата земја што регистрираше вакцина во август и најави дека масовната вакцинација треба да започне по ноември-декември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.