Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против Ковид-19 за животни, соошти денеска Дирекцијата за безбедносна контрола во земјоделството.

Вакцината за животни Карнивак-Сов е развиена од Роселхознадзор. Во клиничките испитувања, што почнаа во октомври минатата година, беа вклучени кучиња, мачки, арктички лисици, нутрии, лисици и други животни.

Резултатите од тестирањата ни овозможуваат да заклучиме дека вакцината е безопасна и обезбедува висока заштита затоа што сите вакцинирани животни развиле антитела на Ковид-19 во 100 проценти од случаите, изјави заменик-директорот на Роселхознадзор Константин Савенков.

Тој додаде дека Имунитетот трае шест месеци по вакцинирањето. Масовното производство на вакцината може да започне веќе во април.

Русија веќе има три вакцини против Ковид-19 за луѓе, од кои најпозната е Спутник В. Москва, исто така, итно одобри уште две вакцини, ЕпиВакКорона и КовиВак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.