Истиот ден кога земјата го собори рекордот според бројот на смртни случаи од Ковид-19 во еден ден, Русија ја одобри својата петта вакцина против коронавирусот, јавија синоќа руските медиуми, пренесе ДПА.
Вакцината „Епи вак корона Н“ е додадена во Државниот регистар на лекови, а е развиена во истражувачкиот центар „Вектор“, во сибирскиот град Новосибирск.
Руските власти вчера соопштија за 820 смртни случаи во еден ден, а се поврзани со коронавирусот, што претставува црн рекорд од почетокот на пандемијата, пренесе ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.