Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „лејтрагин“ (лейтрагин) за превенција и лекување на пневмонија предизвикана од инфекција со коронавирус, соопшти денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница.
Лекот во спреј „лејтрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во руското Министерство за здравство. Тој е наменет за спречување и лекување на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на коронавирусот, се наведува на сајтот на Агенцијата, пренесе ТАСС.
Во соопштенито се додава дека производството на лекот веќе е во тек.
„Лејтрагин“ е првиот лек што има за цел да спречи и да се бори против цитокинската бура што во организмот ја предизвикува COVID-19.
За време на клиничкото тестирање меѓу 320 пациенти со средни симптоми на COVID-19 немало смртни, ниту посериозни случаи.
Пациентите кои земале „лејтрагин“ заздравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класичните методи заздравувале за 14 дена, наведено е во клиничките тестирања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.