Постои сериозен сомнеж дека Поликлиника „Букурешт“ е ново жариште на продолжението на епидемијата на непотизам, обвини ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција што ја одржа Маја Славева пред поликлиниката.
Според информациите со кои располагаме, пред избори си делат концесии и ординации. Министерот за здравство, Венко Филипче е фокусиран да вдомува ќерки, синови, роднини, пријатели. Од рака му оди и кршењето на правните норми да дава дозволи, концесии во период кога тоа е забрането. За ова доказ е големиот револт и негодувањето кај матичните доктори во поликлиника „Букурешт“. Таму за неполн месец им се даде концесија на тројца млади доктори, активисти на СДСМ. За нив се пренаменети ординации кои биле во сопственост на специјалистичката служба. Станува збор за ординации кои не се влезени во здравствена мрежа за издавање под концесија за општа медицина, туку за специјалисти. Едноставно се земени соби од кабинет за дијабет и од лабораторија. Концесија за ординациите е дадена на докторите Филип Локвенец, Кирил Солевски и Марија Михајлова, рече Славева.
Индиициите на ВМРО-ДПМНЕ се дека процедура за доделување на концесија за ординации е направена нетранспарентно.
Еден од лекарите кој доби концесија за ординација е близок роднина на висок функционер од СДСМ, Хари Локвенец, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.