Момчето кое прозборе за проблемот со лековите за лицата со епилепсија се жалат отвори многу поширока тема. Маката на ова момче ја имаат многумина. И не само лицата болно со епилепсија. Родителите се жалат дека не можат да најдат дијазепам супозитории кои ги користат за децата со епи напади, но и при висока температура и Фебрилна конвулзија.
Во Македонија нема дијазепам чепчиња! Јака произведувале и само Јака, го затвориле погонот… Како сега родителите да обезбедат за потребите на нивните деца? Македонија се претвара во пустина? За која Европа зборите! – реагира мајка за чие дете и е неопходна набавката на овој лек.
Овој проблем трае веќе некое време, некаде од септември минатата година, кога по аптеките се потрошени залихите кои имале се уште важечки рок на траење.
Чепчиња диазепам од 5мг нема никаде, со образложение дека Јака Радовиш не работи. Неопходни ни се за епи напади. Доколку некој има инфо за залиха, замолувам да сподели – бараше преку Твитер мајка лек за своето дете во декември минатата година.
И после 7-8 месеци решение за овој проблем нема.
-Немаме ни дијазепам, ниту некаква замена за тој лек. Ако можете отидете до Србија, таму ќе најдете. Ако имате дома со заостанат рок не ги фрлајте, ќе ви завршат работа – ни рече аптекарка кога прашавме за овој лек.
Се обидовме да набавиме од Србија, од каде ни рекоа дека ни е неопходен лекарски рецепт. Така што, не се лажете да заминете со надеж дека веднаш ќе се снабдите со залихи од овој лек. Родителите кои имаат деца со епи напади посочуваат дека и Грција и Германија се земји од каде набавуваат средства кои им се неопходни.
Во меѓувреме молк од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.