Министерството за здравство во однос со справувањето со Covid-19 има низа пропусти, оцени доктор Милан Ристески во текот на неговото гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

„Моментот на R0 под 1, демонтажата на болницата, па сега нејзиното повторно монтирање, одеднаш соочување со преземање на кадри од другите градови кои што прашање е колку е добро обучен да ја користи опремата за заштита. Да речеме ова денес што го гледав во Штипска гинекологија е најверојатно последица на несоодветно управување со опремата за заштита“, појасни Ристески укажувајќи на пропустите на министерството.

Ристески додаде дека во моментов во Македонија има повеќе луѓе во самоизолација отколку што има полицајци во државата, невозможно е полицајците да ги чуваат луѓето во самоизолација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.