Резултатите од тестирањата на коронавирус на македонските пациенти се проверуваат во лабораторија во Германија, која е супервизија на нашата лабораториија. Нови пациенти кои се тестираат за коронавирус кај нас нема, а дезинфекциските средства уште утре ќе бидат доставени од основните училишта, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Тој денеска беше во посета на граничниот премин Табановце, кое е најфреквентно место сд каде влегуваат лица кои патуваат од Северна Италија.

Нема нови пациенти кои се тестираат за коронавирусот. Новина е што во текот на вчерашниот ден стигнаа резултати од лабораторијата од Германија, кои ги потврдија сите наши тестови. Тоа е потврда за точноста на нашата лабораторија на Институтот за јавно здравје. Набавка на дополнителна опрема е во тек, за да се дополнат нашите резерви. Дезинфекционите средства уште утре ќе бидат доставени од основните училишта, изјави Филипче.

На граничниот премин Табановце нема проблеми и се почитуваат сите прописи.

Во посета сме на граничниот премин Табановце за да видиме дали припадниците на Царинската управа, МВР, како и на Центарот за јавно здравје се соочуваат со некакви проблеми или предизвици. Можам да кажам дека работата тече одлично. Целосно се почитуваат прописи, тоа значи дека се прашува секое лице, односно се прави епидемилошка анкета, а ако е позитивна се праќа кај епидемиолозите. Смеам дека ова е одлична координација“, додаде Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.