Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, каде во тек е реконструкција на одделите за хоспитализација на пациенти при клиниката.
Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, изјави дека станува збор за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето. Воедно, истакна дека поради намалените просторно-технички услови, кои се настанати од реконструкцијата, клиниката работи со намален капацитет, соопштија од Министерството за здравство.
Од утре (вторник, 22.01.2019 година) стартува и втората фаза од реконструкцијата со којашто ќе се опфатат и останатите оддели при Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Се очекува на почеток на март, годинава, да биде завршена комплетната реконструкција на клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.