На Универзитетската клиника за ендокринологија комплетно се реновирани и опремени интензивната нега, дел од болничкото одделение, собата за изолација, набавени се нови болнички кревети, апарати за мониторинг на виталните функции и континуирано следење на гликемијата за најтешките пациенти со животозагрозувачка состојба.
За офталмолошкиот кабинет е набавена фундус камера, биомикроскоп за преглед на предниот очен сегмент, иридокорнеалниот агол и ретина со посебни призми, и апарат за бесконтактно мерење на очен притисок, со што Клиниката за ендокринологија е вклучена во интернационален проект од светски рамки за ран скрининг на компликации од дијабетична ретинопатија. Воедно, Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес мелитус и други ендокинолошки заболувања. Паралелно со тоа ги унапредуваме условите за третман на пациентите во јавното здравство, и во оваа насока веќе се унапредени условите на повеќе од 15 клиники, изјави министерот Филипче.
Во однос на доопремувањето со нова медицинска опрема, набавен е и нов најсовремен ехотомографски апарат за преглед на тироидна жлезда и обновен e офталмолошкиот кабинет, кој е збогатен со нови софистицирани апарати за навремена дијагностика и лекување на офталмолошките компликации на дијабетесот.
Со сите преземени активности и соработката со Министерството за здравство, значително ќе се унапреди дијагностиката и лекувањето на најтешките ендокринолошки болни, ќе се намали времето на чекање и ќе се подобри квалитетот на здравствените услуги кои ги пружа Клиниката за ендокринологија, информираше директорката на Универзитетската клиника за ендокринологија, Доц. д-р Саша Јовановска Мишевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.