Одделот за интензивен рехабилитациски третман каде што се третираат деца со аутистичен спектар и комбинирани развојни нарушувања е комплетно реновиран. Во овој оддел на околу 250м2 е обновен подот и сите кабинети се опремени со комплетно нов мебел. Воедно, опремен е и кабинетот за рана развојна интервенција каде што за првпат се опфаќаат деца од 0-3 години, соопшти Министерството за здравство.
За работа на овој кабинет набавени се стандардизирани тестови за рана развојна проценка. Логопедот кој работи во овој кабинет посетуваше обука за работа со родители во организација на Светската асоцијација на логопеди. Со децата во овој кабинет работат логопед, дефектолог и психолог.
Пуштен е во употреба и кабинетот за ВАТ терапија (виброакустичка терапија), каде се користат ниските фрекфенции на изговорените гласови до 140 херци и се користи за третман на сензорни дисфункции. За спроведувањето на оваа терапија набавена е целокупната потребна опрема и спроведена е едукација за примена на оваа метода.
Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет работи на изнаоѓање решенија за одржливост на овие услуги и очекуваме дека ваквите центри ќе бидат пример и ќе отворат можности за отворање слични центри за лицата со попреченост, за полесен пристап до услугите кои им се потребни, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Во декември 2019 година се отвори нов Центар за рани интервенции и третман кај деца со нарушувања од аутистичниот спектар во Општата болница во Охрид со поддршка од бугарската амбасада и Здружението „Во мојот свет“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.