Во Поликлиниката Ѓорче Петров, комплетно е реновиран вакциналниот пункт и се набави нов дигитален рентген апарат.
На територија на градот Скопје висок е опфатот со вакцинација со задолжителното вакцинирањ, над 99 отсто во Скопје, а над 95 отсто ширум државата. За неколку денови ќе биде пуштен во употреба и новиот рентген дигитален апарат, што на жителите на овој регион значајно ќе им олесни пристап до оваа рентген услуга. Пациентите нема да мора да одат до болниците „8 Септември“, старата градска болница и Клиничкиот центар и преку системот МојТермин ќе се скрати времето за чекање“, изјави министерот за здраввство Венко Филипче.
Минатата година се воведоа две нови вакцини за заштита од пневмокок и рота вирус, кои ги штитат најмладите пациенти од инфекции, кои се чести во детската возраст, особено кај деца кои посетуваат градинки. Имунизацијата е единствената мерка која нѐ заштитува од заразни заболувања. Исполнета е препораката на СЗО со опфат на вакцинација над 95 отсто со МРП вакцина.
Поликлиниката Ѓорче Петров дава здравствена заштита на населението од три големи општини Ѓорче Петров, Карпош и Сарај со вкупна бројка од 140.000 жители.
Управата на Здравствениот Дом веќе започна пред два месеци и таа приказна успешно заврши во Поликлиниката Чаир, сега и во Поликлиниката Ѓорче Петров. Од понеделник започнуваме со реновирање на вакциналниот пункт во Поликлиниката Јане Сандански, и таму ќе се инсталира нов рентген дигитален апарат“, рече директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.