Регистрирани се нови седум забалени лица со коронавирус во Куманово, информираа од Центарот за јавно здравје-Куманово, притоа додавајќи дека шест лица се од Куманово, а едно лице од општина Липково.
Во последните 24 часа, имаме седум нови случаи. Еден од нив е од липковскиот регион. Заразените се на возраст од 27 до 70-годишна возраст. Меѓу нив нема медицински лица. Се прави епидемиолошка анкета и ке бараат нивните контакти се со цел на време да се изолираат и да се преземат мерки за спречување на ширењето како и нивно закрепнување, истакна др.Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за Јавно здравје- Куманово.
Инаку, во Куманово од синоќа од 21 часот е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.