Во текот изминатата недела, во државава се регистрирани 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Во текот на оваа недела, регистриран е еден смртен случај асоциран со грип. Станува збор за лице на возраст од 86 години од Скопје, кој бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај починатото лице не е утврдено присуство на коморбидитети.
Најголем број заболени се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца е регистрирана кај децата на возраст до четири години.
Оваа недела пријавени се заболени лица од 28 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Скопје (576), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кавадарци.
Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 12.523. Најголем број од пријавените случи се регистрирани во февруари – 8.398 заболени или 67,1 отсто. Оваа сезона се одликува со задоцнет старт, а се очекува одржување на висока активност и достигнување на пикот во текот на следните недели. Согласно податоците од центрите за јавно здравје и подрачните единици, вакцинирани се 19.348 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.