Итно предупредување било испратено до општите лекари во Велика Британија кое алармира
дека Одделите за интензивна нега во Лондон и други делови на Велика Британија третираат сериозно болни деца со невообичаени симптоми.
Некои, но не и сите, биле тестирани позитивни на коронавирус, но нНе е јасно колку деца ја доживеале оваа реакција.

Во предупредувањето, издадено од NHS Англија, се вели дека постои „зголемена загриженост“
дека воспалителен синдром поврзан со коронавирус се појавува кај децата во Велика Британија
или дека може да има друга, сè уште неидентификувана, инфекција поврзана со овие случаи.
Овие млади пациенти на различна возраст биле сериозно болни. Тие имале слични
карактеристики на синдромот на токсичен шок, што може да вклучува висока температура,
низок крвен притисок, осип и отежнато дишење. Некои имале гастроинтестинални симптоми – болка во стомакот, повраќање или дијареја – и воспаление на срцето, како и абнормални резултати на тест за крв.
Експертите велат дека ова се знаци што можете да се видат кога телото ќе се презасити додека
се обидува да се бори против инфекцијата. Докторите советуваат дека овие случаи имаат потреба од итен третман.
Сепак, експертите истакнуваат дека многу малку деца сериозно се разболуваат од коронавирус
– податоците од целиот свет укажуваат дека тие се популацијата најмалку погодена од оваа
болест.
Д-р Назима Патан, консултант за педијатриска интензивна нега во Кембриџ, вели дека колегите
во Шпанија и Италија пријавуваат слични случаи, кои личат на синдром на токсичен шок и
Кавасаки болест (што влијае на крвните садови и на срцето).

Генерално, се чини дека децата се поотпорни на сериозна инфекција на белите дробови после изложеност на коронавирус, а бројките на деца кои ги имаме во единиците за интензивна нега се релативно ниски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.