ВМРО–ДПМНЕ упорно пласира во јавноста тези дека процентот на смртност во нашата земја е далеку над останатите земји во регионот, европскиот и светскиот просек, реагира Министерството за здравство на твредењето на партијата дека Македонија има најмногу заразени и починати од ковид-19 во регионот во последниве 7 дена.
Смртноста од Ковид-19 во земјава не е највисока во регионот и таа не се смета според бројот на жители, туку според бројот на заразени. Процентот на смртност од вкупниот број потврдени со Ковид-19 во Р Македонија изнесува 5.8%, а со повисок процент на смртност во регионот се Словенија со 7.3%, Босна и Херцеговина со 6.2%, Грција со 6.0%, велат од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.