Во текот на петтата недела од 2020 година (27.01–02.02.2020), пријавени се 2.825 случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 76,6 проценти во споредба со минатата недела, соопштија од Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 5-та недела од минатата сезона е зголемен за 2,3 пати, а во споредба со бројот за 5-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 9 сезони)  се регистрира зголемување од 1,0 отсто.

Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се 80 материјали за тестирање на грип. Од тестираните материјали, 49 (61,3%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – кај 26 е детектиран тип А (18 A/H1pdm, 7 A/H3 и 1 несубтипизирани), а 23 се инфлуенца тип Б (18 Victoria и 5 неодредена линија).

Како и во претходните, така и во 5-та недела најголем број случаи се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15-64 години, додека највисока инциденца од 366,0/100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст од 5-14 години.

Оваа недела пријавени се случаи од 29 извештајни единици, од кои во 21 инциденцата е над неделната граница на сезонска активност. Најголем број случаи се пријавени од подрачјето на Скопје, додека највисока инциденца е регистрирана на територијата која ја покрива Кавадарци со 307 пријавени случаи.

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 7.143.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 69,2 проценти, а во однос на моделот од последните 9 сезони, се регистрира намалување од 27,6 проценти.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.