Во последните дваесетина дена во земјава расте бројот на пациенти со ковид-19 на кои им откажуваат бубрезите и мора да бидат ставени на дијализа, објави „Плусинфо“.

Ова е тренд во последните дваесет и неколку дена. Од март до почетокот на септември немаше голем број на пациенти со ковид-19 и со бубрежни оштетувања. Но сега ова е тренд. Правиме анализи на што се должи оваа појава. Дали е коинциденција или ќе продолжи понатаму, засега следиме и анализираме. Повеќето случаи имаат акутно бубрежно оштетување. Кај еден дел помага дијализата, а друг дел пациенти поминуваат и без дијализа – изјави д-р Ирена Бушлетиќ, директорка на Клиниката за нефрологија за Плусинфо.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.