Ракот на дебело црево е на трето место по зачестеност на малигнитети, но раните симптоми сепак можат да ви го спасат животот.

Ракот на дебелото црево уште го нарекуваат “тивок убиец“ затоа што симптомите почнуваат да се појавуваат кога болеста е веќе во поодмината фаза.

Застрашувачки е фактот тоа што во нашиот организам може да се развие тумор од кој на почетокот немаме ама баш никакви симптоми.

Кога ќелиите на ракот ќе се зголемат во дебелото црево тогаш почнуваат да се појавуваат сигнали во вашето тело дека нешто не е како што треба.

Изненадувачка, остра и силна болка во стомакот може да укажува на развивање рак на дебелото црево. Овие симптоми не треба да се игнорираат и најдобро е веднаш да посетите доктор доколку истите ги имате.

Следниот симптом за рак на дебелото црево е крв во столицата и нагло губење килограми.

Иако крвта во столицата не мора да укажува на тумор, сепак тоа е еден доволен сигнал за да посетите доктор.

Заморот исто така може да биде знак за рак на дебело црево затоа што преку крварењето се губи многу железо од организмот што автоматски предизвикува пад на енергијата.

Луѓето по 50-та годна кои имаат генетски предиспозиции за развивање рак на дебелото црево треба редовно да одат на прегледи.

Останатите ризици од заболување на рак на дебело црево може да бидат: нездравиот начин на живот, дијабетес од типот 2, луѓето кои имаат проблеми со полипи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.