„Почивај во мир, колега“ лекарите од тетовската болница први се простија со радиологот Владимир Евтимовски, кој не ја извојувал битката со коронавирусот.

Мојот драг колега др. Владимир Евтимовски му ја предаде својата душа денеска на Господ Севишен, служејќи им на своите пациенти и во најтешките моменти!
Почивај во мир драг пријателу! Секогаш ќе ни недостигаш!, напиша д-р Арѓенд Имери.

За кратко време ја изгубил битката со болеста. Во понеделникот почувствувал симптоми, се тестирал, а позитивниот тест за присуство на коронавирус пристигнал во вторникот. Состојбата нагло му се влошила и бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Починал денеска. Имал неколку хронични заболувања, информира тетовската телевизија Кис.

Евтимоски речиси 20 години бил дел од јавното здравство, а колегите за него имаат само пофални зборови. Почина на 50 години оставајќи зад себе сопрува и две деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.